Познати групите за втор круг во ЛШ: Само вардарки со максимални осум бода

Ракометарките на Вардар се единствените коишто влегуваат во вториот круг од Лигата на шампионите со максимални осум поени. Денеска беа комплетирани двете нови групи според кои ќе се играат средбите од втората фаза така што веќе е јасно дека Вардар тргнува како лидер во групата 2.

Вкупно 12 екипи ќе се борат за четврт-финале, а вардарки се единствени што успеаја да сработат на највисоко ниво и заслужено веќе се со едната нога во следниот круг бидејќи ќе треба одлично да одработат на домашен терен да го потврдат местото во елиминациите.

Како што е веќе познато ривали во вториот круг ќе бидат Мец, Битигхајм и Будуќност, а денеска ќе биде познат и точниот распоред според кој ќе се играат натпреварите. Засега е јасно дека Вардар е лидер со осум бода, Мец има шест, ФТЦ и Будуќност по четири бода, додека последните две места се за тимовите од Германија.