Подравка ги запре Георгиевска и Крајова на патот кон ЛШ

Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Елена Георгиевска не успеа да се пласира во Лигата на шампионите заедно со своите колешки од Крајова и остана без шанса да игра против Сара Ристовска и Јована Саздовска во групите од ЛШ.

Крајова загуби од Подравка со минимални 21:22 и на тој начин остана без место во групната фаза и ќе мора да се пресели во Купот на ЕХФ. Ова беше одлична можнсот за Елена Георгиевска и колешките да влезат во најсилното натпреварување, но не можеа против шампионот на Хрватска кој играше и пред своја публика.

На оваа средба Георгиевска одигра добар натпревар и успеа да реализира трипати. Со овие три гола беше и трет стрелец во екипата со што придонесе за добрата игра. Сепак, после 14:12 на полувреме во вториот дел ефикасноста беше на ниско ниво и немаше простор за подобар резултат.

Вториот тим кој си обезбеди место во Лигата на шампионите преку квалификациите е Битигхајм. Овој тим славеше над Лублин со 34:19 во финалето во групата 1 која се играше во Полска.