Подгответе се за јануарски ракометен маратон: Меѓу ЕП и ЛШ, ќе има и регионална лига

Покрај натпреварите на ЕП во Хрватска, љубителите на ракометот во јануари ќе имаат можност да уживаат и во дуели од женската Лига на шампиони, како и од женската регионална лига. Во втората половина на првиот месец од следната година, македонскиот шампион Вардар ќе биде домаќин на третиот турнир од регионалната ВРХЛ Лига.

300x250

Трите натпревари се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”. Според договорениот распоред, на 19 јануари играат Вардар и Будуќност. Следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар. Сите натпревари се играат во 17 часот.

На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, вардарки победија на сите четири одиграни натпревари. Овие натпревари за „црвено-црните“ дами ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на натпреварите од Лигата на шампионите и првиот натпревар од главната фаза против францускиот шампион Мец во Скопје.

Распоред на натпревари од 3 турнир во ВРХЛ
19.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Вардар – Будуќност, 17:00 часот

20.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Будуќност – Крим, 17:00 часот

21.01.2018 – голема сала СЦ „Јане Сандански”
Крим – Вардар, 17:00 часот