Подготвени се промени: Два круга баражи за Мундијалот во Египет во 2021 година

Зголемувањето на бројот на репрезентации на Европските првенства во машка конкуренција од 16 на 24 ќе донесе и промени во квалификациите за следниот Мундијал. За Светското првенство кое во 2021 година ќе се одржи во Египет репрезентациите ќе имаат поинаков пат за место на првенството.

За разлика од досега плеј-офот ќе има две рунди и ќе биде навистина возбудливо за да се дојде до Мундијалот бидејќи некои селекции ќе одат директно во вториот дел од баражите, а некои ќе мораат во двата круга.

Според измените шампионот од Европското првенство и најверојатно уште три селекции ќе си обезбедат директно место на Светското првенство. Тие ќе ги избегнат квалификациите, а добар дел од квалификациите ќе скокнат и оние селекции што ќе треба да играат во квалификациите за Олимписките игри.

Квалификациите за СП ќе стартуваат во октомври во 2019 година, а ќе продолжат и во јануари следната година. Тогаш оние репрезентации кои нема да обезбедат пласман на Европското првенство во 2020 година ќе треба да играат квалификации за првиот бараж. Тие заедно со оние селекции кои нема да играат во олимписките квалификации на средината од април во 2020 година ќе играат бараж.

Вкупно десет репрезентации од априлскиот бараж ќе влезат во јунскиот бараж со уште осум селекции кои ќе играат квалификации за Олимписките игри. Од нив ќе бидат одбрани уште девет учесници за Светското првенство во Токио.