Подарок за добредојде: Манасков ќе „лета“ со нов автомобил во Веспрем

Левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков во новата сезона ќе ги брани боите на унгарскиот шампион Веспрем и ќе биде вториот Македонец во историјата на овој тим, по капитенот Кире Лазаров, кој остави длабока трага.

Веспрем за новата сезона покрај новиот тренер Врањеш, ангажираше и пет нови засилувања. Покрај Манасков, тука се десниот бек Кент Робин Тонесен, Матијас Ѓори, левиот бек Иман Џамали, како и ракометарот на ПСЖ, Вилијам Акамбре. Сите добија автомобили од клупското раководство од марката Сеат за добредојде во новиот тим.