Погодуваа само Македонците

Тимот на ПИФ Варгас, каде настапуваат тројцата македонски интернационалци, крилото Андреј Миладиновски и бековите Давид Кузмановски и Влатко Тасевски, загуби во последното коло од есенскиот дел од финскиот шампионат со 30:22 на гости кај Атлас.

Во тимот на ПИФ погодуваа само четворица играчи, меѓу кои најдобри беа тројцата Македонци. Тасевски беше најдобар стрелец со 8 голови, Кузмановски 4, додека Миладиновски погоди 2 пати во мрежата на домашните.