Победнички тест за Нант: Кире Лазаров и колегите убедливи против Ним

На средбата од најсилната лига на Франција од 11. коло меѓу Нант и Ним, домашните без проблеми успеаја да забележат триумф од 33:25.

300x250

Ова беше последен тест за Нант пред одигрувањето на средбата од 10. коло во Лигата на шампионите против Барселона на домашен терен така што Кире Лазаров и колегите имаа добра партија.

Лазаров успеа да реализира трипати на овој меч со што беше меѓу поефикасните на средбата, а воедно формата беше крената кај повеќето ракометари со што најавуваат интересна пресметка в сабота во Лигата на шампионите. Инаку, со овие два бода, Нант е на 4. место во најсилната лига на Франција и има седум поени помалку од лидерот Монпелје.