Победнички старт кон одбрана на титулата: Вардар славеше над Будуќност

Европскиот вицепрвак Вардар со победата стартуваше во регионалната лига, каде што е бранител на титулата. Избраничките на Ирина Дибирова го победија црногорскиот шампион Будуќност на негов терен со 22:24. Во второто коло вардарки ќе играат против Крим во Подгорица.

Иако само со 13 ракометарки, вардарки сепак на крајот успеаја да извојуваат победа. На полувреме имаа негатива од 13:12, но и покрај тоа предводени од триото Радичевиќ, Пенезиќ и Лекиќ го свртеа резултатот во своја полза, кои што беа и најдобри стрелци со 7, 6 и 5 голови.

Поради повреда дома останаа Кузнецова, Лејно, Бајрамовска, Лакрабер и Лазовиќ. Голманката Ина Суслина мечот го заврши со 12 одбрани, и беше една од најдобрите играчи на теренот. Мечот со Крим се игра утре со почеток во 19 часот.