Победникот во Лигата на шампионите ќе добие нова сала

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Монпелје го претстави новиот проект во кој клубот треба да добие нова сала.

Таа би требало да биде изградена на површина од 7000 метри квадратни, а во неа би требало да има место за околу 6.000 гледачи. Пресметките велат дека ќе бидат потребни околу 50 милиони евра за да се изгради оваа сала во која ќе има и голем простор за паркинг.

Оваа сала ќе биде изградена со поддршка на градот, а Спортскиот центар се наоѓа во квартот Кабрацерес. Во рамки на овој Спортски центар  ќе биде изградена и теретана, но и други простории кои ќе бидат наменети за ракометарите.

Сето ова доаѓа во вистински момент откако Монпелје ја освои Лигата на шампионите, па дефинитивно тоа е голем плус за клубот кој и следната година ќе биде со огромни амбиции во сите натпреварувања.