„Победивме, па сега може да одиме на шопинг“

Женската репрезентација на Србија предводена од Андреа Лекиќ одигра фантастичен натпревар и славеше против Данска со 25-30 и обезбеди втора фаза на Европското првенство во Франција. Сите репрезентативки беа задоволни по мечот, а десниот бек Јелена Лавко имаше интересна изјава по завршувањето.

„Одигравме сјаен натпревар, навистина сме многу среќни. Ова е голема победа за нас, затоа што покажавме колку можеме. Нас не може никој да не победи, само самите себе. Секогаш играме одлично против скандинавските репрезентации. Сите сме среќни, имаме слободен ден и ќе одиме на шопинг“, изјави Лавко.

Во втората фаза Србија ќе има уште три тешки натпревари против Франција, Русија и Црна Гора, а првиот го играат в сабота против Русија.