Писонеро: Титула од Супер Глоуб ќе биде фантастичен почеток на новиот предизвик!

Новиот тренер на Вардар, Давид Писонеро, в среда ќе ги собере ракометарите на европскиот првак на првата прозивка. Шпанецот е свесен на каков предизвик се нафатил и се надева дека ќе ги оправда големите очекувања.

„Преземањето на освојувачот на Лигата на шампионите е голем чекор во мојата кариера. Се надевам дека тимот ќе биде подготвен за игра на највисокот ниво и ќе можеме да ја почнеме сезоната со титула на Супер глоуб турнирот, а тоа би било фантастичен начин да го стартувам новиот предизвик. Целта за претстојната сезона е да ја одбраниме титулата во Лигата на шамионите. Сакам да играме на високо ниво, но секако ќе има некои работи во играта што ќе треба да ги подобриме“, вели Писонеро.

Официјалното деби на Писонеро на вардаровата клупа ќе биде на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија, додека првите дуели под негово водство од пријателски карактер ќе бидат одиграни на турнирот во Требиње.