Борбено реми меѓу Металург 2 и Аеродром

Стартуваше пионерската лига на Македонија во машка конкуренција, која годинава ќе се игра во три групи, а ќе играат вкупно 26 екипи.

Во првото коло очекувано победија фаворизираните екипи, а најинтересен беше натпреварот меѓу Металург 2 и Аеродром, кој заврши 16-16, а и на полувреме беше 8-8. Металург имаше два гола предност на две минути до крај, но најмладите металурзи прокоцкаа два напади, па беа казнети.

Во последните 40 секунди домашнати имаа играч повеќе и топка, но изведоа брзоплет напад без резултат, па му оставија на Аеродром цели 25 секунди за неговиот последен напад. Ниту гостите не погодија, па бодовите рамноправно се поделија.

Резултати, 1. коло:

Група 1
Енхалон – Охрид 17:22 (10:12)
Струга- Еурофарм Работник 32:22 (14:9)
Пелистер – Сани 28:21 (14:11)
КЛ 7 – Преспа Вардар 30:11 (15:5)

Група 2
Тиквеш – Филип Вардар 19:18 (9:6)
КЛ 7 Свети Николе – Астраион 17:13 (10:5)
Младост Богданци – Бисинов Вардар 34:8 (16:6)
Младинец – Текстилец 21:16 (9:5)

Група 3
Шампион – Риниа 10:0 службено
Металург 2 – Аеродром 16:16 (8:8)
Вардар – Алушовски 31:13 (16:7)
Македонија ЃП – Рисови одл.
Бутел Скопје – КЛ 7 Лазарови 18:18 (10:12)