Пивот од ПСЖ потпиша за Железничар

Веселин Вујовиќ доби ново засилување за тимот уште на стартот од подготовките, па пикерот кој дојде од редовите на ПСЖ веќе го стави потписот на договорот и ќе биде играч од кој ќе се очекува да биде големо засилување и во нападот и во одбраната.

Јово Дамјановиќ е играчот кој после една година си замина од ПСЖ, а е со потекло од Црна Гора. Тој е репрезентативец на Катар, а има 21 година. Во некои комбинации беше споменуван и како можно засилување на Вардар на пивотменската позиција, но до ова не дојде.

Дамјановиќ уште вчера замина на подготовки со Железничар, а јасно е дека ќе биде засилување за оваа екипа која во новата сезона ќе се бори за титулата во Србија и ќе биде дел од СЕХА-лигата. Железничар со Веселин Вујовиќ ќе има голема улога и во Купот на ЕХФ, а ќе биде дел и од струшкиот турнир.