Пивотменот замина од Бутел: Вељко Давидовиќ потпиша за Нови Пазар

Еден од кружните напаѓачи во ростерот на Бутел Скопје, Вељко Давидовиќ, во новата сезона нема да биде член на македонскиот суперлигаш.

Давидовиќ, кој своевремено требаше да потпише со Пелистер, кога на чело на овој клуб беше Стевче Алушовски, по само една полусезона си оди од Македонија.

Тој ќе биде член на српскиот прволигаш Нови Пазар, со кој потпиша договор на две сезони. Иако има 26 години, Давидовиќ веќе е искусен ракометар.

Покрај за Бутел, настапуваше за шпанските Ланцароте и Бидасоа, како и за српските Мокра Гора, Раднички Крагуевац, Слога Пожега, Младост Чачак, Динамо Панчево и Пролетер Зрењанин.

Фото: rukometnizurnal.com