Пешевски: Среќата ни го сврте грбот на ова ЕП

Пикерот на Македонската репрезентација Жарко Пешевски смета дека Македонија по одличното прво полувреме, падна физички во второто.
Отсуството на неколку ракометари а посебно на капитенот Лазаров беа дополнителна кочница за црвено-жолтите на овој натпревар.

” Одигравме добро прво полувреме, се договоривме така да одиграме и во второто но не успеавме. До 40.минута успешно париравме, потоа паднавме и физички, плус без неколу играчи и капитенот Лазаров. Направивме многу технички грешки, лошо се враќавме во одбраната а со таква игра нема што да се бара против Данска. Дадовме се од себе но Данска си е Данска и заслужено ќе игра во полуфинале”.

Пешевски смета дека немавме доволно среќа на ЕП, посебно на вчерашниот натпревар со Чешка.

“Мислам дека среќата ни го сврте грбот, вчера се залагавме максимално но немавме среќа на крајот, изгубивме неправедно. Имавме водство до 50.минута, но потоа одигравме лоши десетина минути каде го загубивме натпреварот”.-заврши Пешевски.