Пешевски: Од бековите на Црна Гора ќе доаѓа најголема опасност

Под стартниот триумф над Словенија, Македонија ја очекува втората пресметка на Европското првенство во Хрватска. Следен противник на избраниците на Раул Гонзалес ќе биде селекцијата на Црна Гора, која ќе биде без Вуко Борозан, но најверојатно во своите редови ќе го има голманот Небојша Симиќ. Пикерот Жарко Пешевски имаше

300x250

„Исто како што се подготувавме засловенија, така се подготвуваме и за Црна Гора. Состаноци, Видео анализи, денеска ќе вежбаме тактика, против нивната одбрана и нивиот напад. На крилјата на нашите навивачи, се надевам ќе оствариме уште една победа. Овој дуел е важен исто колку и оној со Словенија, се надевам на победа.“ – вели Пешевски.

Црна Гора нема толку квалитетни и добри пикери во одбрана како Словенија. Ги нема Благотиншек и Жабиќ, но тука се Вук Лазовиќ и Небојша Симовиќ.

„Играта на линијата од шест метри. Словенечките пикери се сосема различни од црногорските, но сепак ти е нема да имаат главна улога на утрешниот меч. Поважна алка во нивната игра е бековската линија, од таму доаѓа најголемата опасност и тоа ќе биде одлиучувачко, а имаат и квалитетни голмани, можеби ќе им се врати Симиќ. Максимално борбено ќе влеземе на овој натпревар и ќе се радуваме на победа.“ – заврши Пешевски.

Мечот меѓу Македонија и Црна Гора се игра утре со почеток во 20:30 часот.