Пешевски за 24Ракомет ТВ: Кога се игра за репрезентација, нема сакам – не сакам (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија денеска стартува со подготовките за Светското првенство кое на 10 јануари почнува во Данска и во Германија. Македонија е во групата Б заедно со актуелниот Европски првак Шпанија, како и селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски вели дека е подготвен заедно со останатите да одговорат на предизвиците што ги носи Мундијалот.

„Гледаме со позитивни мисли, ќе се обидеме да се подготвиме што е можно подобро и подготвени да го чекаме СП. Јас играм помалку во мојот клуб по смената на тренерот, но подготвен сум да одговорам на предизвикот. Кога се игра за репрезентација нема изговори од типот сакам – не сакам или не играм“, вели Пешевски.

Целосната изјава за кружниот напаѓач за 24Ракомет можете да ја погледнете во видео прилогот…