Пешевски: Бахреин гледа шанса во нас, но ние ќе им ги замрсиме сметките

По стартната победа над Јапонија, македонската репрезентација ја очекува средбата од второт коло во кое ќе игра против уште еден азиски противник – Бахреин. Пивотменот Жарко Пешевски, кој одигра одлично против Јапонија вели дека подготвени го дочекуваат второто коло.

„Немаме многу време да го подготвиме натпреварот со Бахреин, но важно ни е да се одмориме, иако кратко е времето за подготовки. Ќе одработиме еден тренинг и немаме доволно време за видео анализа, но верувајте дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот. Бахреин не ја гледа Македонија со исти очи како Шпанија, но ние покажавме едно друго светло, постигнавме 38 гола и игравме како што очекувавме. Можеби имавме мали проблеми во одбраната, но ќе се поправиме со Бахреин. Тие гледаат шанса во натпреварот против Македонија, но ние сме тука да им ги замрсиме сметките“, вели Пешевски.

Натпреварот против Бахреин, македонската репрезентација ќе го одигра утре во „Олимпијахале“ во Минхен со почеток во 14:00 часот.