Пех за Вардар: Стоилов има скршеница и ќе паузира два месеци

Eкипата на Вардар на дуелот против Мешков Брест (18:15ч) сигурно ќе го нема во тимот капитенот Стојанче Стоилов, а тој сигурно ќе го пропушти и стартот на новата сезона во СЕХА и во Лигата на шампионите.

300x250

Првичните лекарски наоди покажуваат скршеница на дланката, а подетални наоди ќе има по враќањето во Скопје. Сигурно е дека оваа повреда ќе го оддалечи неколку недели од терените. Се очекува да може да се врати на натпреварите некаде на крајот на октомври.

Вардар одигра нерешено 33:33 против ПСЖ, иако на средбата беше без Игор Карачиќ и Вуко Борозан, а во второто полувреме и без Стоилов.

Капитенот на Вардар се повреди при дуел со Лука Карабатиќ. Настрада дланката, па не беше во можност да им помогне на колегите, а нема да биде ниту денеска ниту утре на турнирот во Стразбур.