Пет македонски екипи во лотаријата на ЕХФ: Гледајте ја ВО ЖИВО ждрепката за европските купови (ЛИНК)

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена ќе се одржи најголемата ждрепка за европските купови.

Вкупно 154 клубови во машка и женска конкуренција ќе бидат инволвирани во ждрепката за Челинџ Купот и за ЕХФ Купот.

Најпрво ќе стартува ждрепката за женскиот Челинџ, па машкиот Челинџ, за на крај на маратонот да биде женскиот и машкиот ЕХФ Куп.

Денеска пет македонски екипи ќе ги дознаат противниците. Бутел, Пелистер, Куманово и Металург во ЕХФ Купот, а женската екипа во Челинџ Купот. Машкиот тим на Металург ривалот ќе го дознае во октомври.

Ждрепката почнува во 11:00 часот, а може да ја следите на линкот подолу….