Петровски одигра капитенски: Балатонфуреди победи кај фаворизираниот Чурго

Македонскиот интернационалец Михаил Петровски одигра одличен натпревар и беше предводник на неговиот Балатонфуреди, во гостинската победа над Чурго со 18:22, во рамките на 23 коло оф унгарскиот шампионат.

Десниот бек кој е капитен на Балатонфуреди, постигна 4 голови, дел од нив во моментите кога се решаваше натпреварот. Веспрем и ПИК Сегед со сигурност ќе разигруваат за титулата, Татабања ќе заврши на третото место, додека Чурго и Балатонфуреди ќе се борат за четвртата позиција и за место во Купот на ЕХФ.