Петковска го сруши Митјиланд

Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска беше клучната фигура за гостинската победа на нејзиниот тим Силкеборг на гостувањето кај учесникот во Лигата на шампионите, Митјиланд со 23:26.

Петковска влезе во вториот половина од првото полувреме и бранеше до крајот на натпреварот. Процентот на одбранети на одбранети удари, 41%, за околу 45 минути поминати на теренот, покажува дека Петковска била клучот на пресвртот и победата.

Виборг на Наташа Нолевска, пак, загуби на гости кај Оденсе со 30:29.