„Петки“ за Костески и Митков

Македонските интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, продолжуваат со одличните партии во австрискиот шампионат.

Митков и Брегенц загубија дома од некогашниот тим на десниот бек, Кремс, со 25-32, а Македонецот беше втор стрелец со пет голови.

Линц, каде играат Горан Крстевски и Костески, загуби дома од Алпла Хард со 23-27, а десното крило од Струга беше прв стрелец со пет голови. Средниот бек Крстевски немаше погодоци на овој дуел.