Перфектната Португалија е осминафиналната пречка за кадетите

Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби од Јапонија во петтото коло од Мундијалот што се игра во главниот град, но и покрај поразот местото во осминафиналето од претходно беше обезбедено.

Нашите ракометари по овој загубен дуел паднаа на четвртата позиција, а тоа значи натпревар против првопласираната репрезентација од групата Д – Португалија.

Португалците перфектно ја одработија групната фаза и забележаа пет победи над Тунис, Бразил, Србија, Исланд и Германија.

Натпреварот ќе се игра в среда од 20:30 часот во СЦ “Борис Трајковски”.