Пенезиќ се омажи, следна Цвијиќ? (ФОТО)

На свадбената церемонија на Андреа Пенезиќ и Матија Кобетиќ присуствуваа дел од ракометарките на Вардар, како и некои нејзини поранешни соиграчки и пријателки од ракометниот свет.

Меѓу присутните кои ја збогатија свадбената приредба беа Тамара Мавсар, Сираба Дембеле, Сања Дамјановиќ, Кармен Мартин, Барбара Лазовиќ и Драгана Цвијиќ која ја имаше честа да го фати бидермаерот, по што се пофали на социјалните мрежи…