Пенезиќ нема да се пензионира, преговара со неколку клубови

Можеби најдобрата ракометарка на Вардар, Андреа Пенезиќ, нема да ја заврши кариерата како што на почетокот на оваа година најави во едно интервју за хрватските медиуми. Хрватката сакаше да се посвети на семејството, но реши дека ракометот се уште има приоритет. Левиот бек преговара со повеќе клубови, но се уште не одлучила каде ќе ја продолжи кариерата.

„Во преговори сум со неколку клубови, но мојата следна дестинација останува непозната. Очекувам наскоро и ова прашање да добие одговор.“ – вели популарната Пенка.

Таа постигна 59 голови за Вардар оваа сезона во Лигата на шампионите, а македонскиот шампион се уште нема пораз во девет средби. Следен предизвик за вардарки ќе биде гостувањето кај незгодниот Мец, на теренот каде лани загубија со 42:28, што е најтежок пораз во клупската историја.