Пенезиќ меѓу трите ѕвезди на колото (ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар со победа во Подгорица над Будуќност ја финишираа групната фаза во Лигата на шампионите. Актуелниот европски вицепрвак се пласираше на првата позиција на тебелата со што си закажа дуел против дански Митјиланд во четвртфиналето.

300x250

Андреа Пенезиќ по којзнае кој пат го носеше Вардар до нова победа во Лигата на шампионите. Хрватската интернационалка десет пати стрелаше во мрежата на Будуќност со што си обезбеди место во ТОП 3 ѕвезди на колото. Покрај Пенезиќ ѕвездени во последното коло од групната фаза се и голманката на Ростов, Мајса Песоа, како и ракометарката на Ѓер, Стине Офтедал.

За најдобра ракометарка, можете да гласaте на следниот линк