Пелистер убедлив против Прилеп, се создаде гужва на второто место во Суперлигата

Ракометарите на Пелистер стигнаа до убедлива победа над Прилеп со 35-23 во натпреварот од осмото коло во Суперлигата. Битолчани немаа никакви проблеми и уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот.

Прилеп беше во игра до 6-5, Пелистер поведе со 8-5, а до крајот на полувремето стигна до 16-10. Во вториот предноста не само што беше одржана, туку и беше дуплирана. Иако поставите на теренот се измешаа, сепак битолскиот тим не виде мака и го заврши мечот со конечни 35-23.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Милан Поповиќ со седум голови, како и Огњен Лековиќ и Никола Стоилевски со по пет, додека кај Прилеп се истакна младиот Давор Шокоски со осум голови, а искусниот Пеце Ѓорѓиоски беше стрелец на четири

На првото место на табелата е Еурофарм Работник со 24 бодови, а од второто до четвртото место се наоѓаат Бутел Скопје, Охрид и Пелистер со по 18 бодови.