Пелистер убедлив против вториот тим на Металург

Поразот од Радовиш во возбудливиот финиш ракометарите на Пелистер не дозволија двапати иста грешка и против вториот тим на Металург одиграа одличен натпревар во кој дојдоа до бодови.

После петте гола разлика во првиот дел од средбата во второто полувреме битолчани наметнаа посилно темпо кое гостите од Скопје не можеа да го следат. Работите одеа сигурно за Пелистер, па до крајот на мечот беше речиси сè во корист на домашните кои со ова стигнаа до првата победа сезонава.

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 2            37:21 (18:13)

Сала: „Младост“ во Битола. Гледачи: 1000. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Јован Василев од Битола.

ПЕЛИСТЕР: Рајичиќ, Јагуриновски 4, Маџовски 1, Ивановски 1, Чантурија 6, Димитровски 4, Апостоловски, Чуриќ 1, Орјоникидзе 5, Босеовски, Лазаров 7, Митиќ 6, Тодоровски, Везенковски 2

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ 2: Даниловски, Младеновиќ 2, Гошевски 2, Тодоров, Петковски, Смилевски, Серафимов 6, Арсеновски 3, Лембанов, Шилегов 3, Мелоски 3, Божиновски, Додиќ, Трајковски, Кофиловски, Палевски 2

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 6 мин.