Пелистер си најде нов среден бек во репрезентативец на Габон

Откако пропадна трансферот на младиот ракометар од Египет, Мохамед Ради во Пелистер се во потрага по нов играч, а тој треба да пристигне од првенството на Турција.

Се работи за 23 годишен играч кој потекнува од Габон, а настапува на позициите лев бек и центар. Табанге Черубин е ракометар на кој примарна позиција му е организатор на играта, па од него се очекува да донесе зголемување на конкуренцијата и ротацијата во екипата.

Тој во минатата сезона настапуваше за составот на МИК од Турција каде што имаше забележителни партии и сега треба да биде освежување во играта на Пелистер.

Позицијата среден бек засега е мал проблем во Пелистер бидејќи се бара играч кој ќе биде побрз и кој ќе може да го организира нападот на тимот во првенството. Останува уште помалку од две недели до почетокот на сезоната, па Черубин е еден од играчите со кои полека се затвора ростерот за новата сезона.