Пелистер се разигра и му се реваншираше на Паок

Ракометарите на Пелистер откако вчера загубија на првиот меч на гостувањето во Солун денеска ги поправија работите и се реваншираа. Нападот на Пелистер профункционира и беше забележан триумф од 31:28.

300x250

После првите 30 минути резултатот беше 15:12 во корист на играчите на Паок, но во вториот дел од средбата битолчани го кренаа нивото на игра и во одбраната и во нападот.

Особено добро функционираше играта пред противничкиот гол, па беа постигнати дури 19 гола. Тоа придонесе за победа на пелистерци на втората контрола, па сега Пелистер има три победи и еден пораз на контролните средби.

Ова воедно беше и добра најава за турнирот кој Пелистер ќе го организира следната недела во Битола и може да се очекуваат уште добри резултати.