Пелистер по три години се враќа во Европа, ќе игра против Винтертур или Беса во ЕХФ Купот

Некогашниот финалист на Челинџ Купот, Пелистер, се враќа на европска сцена по три години пауза откако беше елиминиран во најслабото натпреварување од Спортинг Лисабон.

Битолчани оваа сезона решија да се пробаат во второто по ранг натпреварување, Купот на ЕХФ, и ќе тргнат од второто коло.

Пелистер беше во групата на носители и беше извлечен последен, па го доби победникот од преостанатиот пар од 1 коло меѓу швајцарскиот Винтертур и Беса од Косово.

Првите натпревари се играат на 6 или 7 октомври, додека реваншите се една седмица подоцна.