Пелистер постигна ЕДЕН гол за ЕДНО полувреме

Ракометарките на Металург славеа над Пелистер со убедливи 37:9 (20:1) во рамките на натпреварот од последното коло во Женска Лига. И пред натпреварот се знаеше дека ќе има голеада, но веројатно никоја не претпоставуваше дека гостинките ќе дадат само 1 гол во првиот дел.

Голот беше постигнат во 10 минута. Металург играше одлично во одбраната, а немоќните ракометарки на Пелистер само кружеа околу домашната зона. Во нападот функционираше контрата на Металург, со која беа постигнати најголем дел од головите за конечни 37:9. Најдобра во домашниот состав беше Пена Граматова со 7 голови, а 5 постигна Габи Величковска.