Пелистер останува без десниот бек: Ристо Вујачиќ пред потпис со Рибница

Десниот бек на битолски Пелистер, по само една полусезона најверојатно ќе си замине од Битола. Црногорецот е пред потпис со тимот на Рико Рибница, кој играше сезонава во Купот на ЕХФ и кариерата ќе ја продолжи во Словенија. Рибница на таа позиција го има некогашниот ракометар на Струмица, Ален Куленовиќ, но тој си оди, а негова замена би требало да биде Вујачиќ.

Вујачиќ е црногорски интернационалец кој во Македонија се афирмираше во дресот на Вардар Јуниор, а сезонава со Пелистер играше во Челинџ Купот. Словенија ќе биде втората интернационална станица за него во кариерата.