Пелистер немоќен против Олимпијакос на стартот од турнирот „Боро Чурлевски“

Екипата на Пелистер која е домаќин на Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ стартуваше со пораз на натпреварите откако денеска против Олимпијакос одигра со резултат 27:31.

Битолчаните се обидоа да го совладаат ривалот од Атина, но во вториот дел гостинот имаше повеќе од играта. После првите 30 минути резултатот беше 15:15, па тука мораше да се засили ритамот.

Таквата игра повеќе им одговараше на ракометарите на Олимпијакос, па тие се изборија за предност која на крајот изнесуваше четири гола. Инаку, Пелистер го диктираше темпото во добар дел од второто полувреме, но не успеа да го издржи налетот до крај, па во последните 15 минути гостите од Грција се изборија за триумф.

Лековиќ беше лидер на стрелците во Пелистер со девет гола, додека најефикасен играч на средбата беше Цирас со 12 гола.