Пелистер немоќен и против Шербур, ќе игра за 5. место

Ракометарите на Пелистер не успеаја да забележат победа ниту против составот на Шербур и претрпеа пораз од 29:34 со што останаа на последното место во групата.

Пелистер имаше негатива на полувреме од еден гол, 16:17, но во продолжение од натпреварот противникот од Франција успеа само да го зголеми водството и до крајот од средбата да се избори за убедлива победа.

Во таборот на Пелистер, Чантурија беше најефикасен со шест погодоци, додека Лековиќ и Поповиќ денеска постигнаа по пет гола.

Со овој пораз Пелистер заврши во битката за 5. место која е в недела од 15:30 часот, додека Шербур утре против Олимпијакос во директен дуел ќе се бори за место во финалето.