Пелистер и Радовиш постигнаа 77 гола во Битола

Екипите на Пелистер и на Радовиш одиграа контролна средба пред стартот на новата сезона на која беа максимално ефикасни и успеаја да постигнат дури 77 погодоци.

300x250

Пелистер кој беше домаќин на овој дуел успеа да дојде до победа од 41:36 со што покажа дека во моментов нападот функционира подобро отколку одбраната и дека барем во тој дел може да се смета на одличен старт на сезоната.

Она на што и двете екипи ќе треба да поработат е играта во одбрана. Примените голови се доказ дека не оди најдобро со играта во одбрана, па тука ќе треба да се поправаат работите и да се зацврстува играта, а има уште доволно време до првиот натпревар.

Инаку, за Пелистер ова е втора победа откако претходно ја совладаа и екипата на Беса.