Пелистер и Куманово со 28 можни ривали во Челинџ купот

Вкупно 30 екипи меѓу кои и две од Македонија се најдоа во првата рунда од Челинџ купот во женска конкуренција за следната сезона. Пелистер и Куманово кои финишираа како 3. и 4. пласирани во домашното првенство сега можат да го очекуваат рангирањето и ждрепката на 17 јули кога ќе знаат кој ќе биде првиот ривал со кој ќе се соочат во ова натпреварување.

Според имињата има неколку квалитетни состави, но има и тимови од кои не треба да се стравува и лесно ќе можат да бидат минати. Сепак, ќе мора прво да се види следниот вторник што ќе донесе ждрепката за битолчанки и кумановки, па потоа ќе стане јасно како ќе течат подготовките.

Ова треба да биде добро искуство и за двата тима и дефинитивно се очекува да успеат да се пласираат во следната рунда од натпреварувањето каде се наоѓа составот на Рокаса. Тимот од Шпанија е единствениот кој си обезбеди директен пласман во осминафиналето.

ЧЕЛИНЏ КУП

Пелистер, Куманово (Македонија), Азериол Баку (Азербејџан), Фемина Визе (Белгија), Криваја (БиХ), Гомел (Белорусија), Бјеловар, Кока (Хрватска), Лација Никозија (Кипар), Ринкон Малага (Шпанија), Хифк (Финска), Валур (Исланд), Холон, Макаби СРЛ (Израел), Касано Мањаго (Италија), Истогу (Косово), Жалгирис 2 (Литванија), Ла Сале (Малта), Дамес 1, Квинтус (Холандија), Шчецин (Полска), Алавариум, Мајо/Ада ЦЈБ (Португалија),Целје (Словенија), Наиса (Србија), Тун (Швајцарија), Боден, Кристијанштад (Шведска), Анкара, Беледије (Турција).