Пелистер загуби на гостувањето во Солун

После двете високи победи на домашен терен против Беса и Радовиш, ракометарите на Пелистер вчера и денеска се гости во Солун кај тимот на Паок.

300x250

Првиот натпревар беше одигран синоќа, а на него беа постигнати далеку помалку голови отколку на средбите одиграни во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Паок победи со 28:21, а Пелистер ќе има можност денеска од 12 часот на вториот дуел да се реваншира за овој пораз.

Битолчани се подготвуваат за новата сезона, но и за натпреварите од турнирот кој следната недела се одржува во Битола. На првите две средби беше покажана добра игра во нападот, а сега имаше помалку голови што значи дека се мисли и на одбраната, па затоа се очекува да се види еден сосема поинаков Пелистер во однос на лани на натпреварите коишто претстојат.