Пелистер донесе поранешен голман на Вардар

Младинскиот црногорски репрезентативец Јагош Брауновиќ е нов ракометар на Пелистер. Тој потпиша едноипол годишен договор и ќе им се придружи на Милош Рајчиќ и Мартин Јовановски, па ќе сочинуваат одлично голманско трио во тимот на Борче Марковски.

Брауновиќ во минатите две сезони беше член на Вардар Јуниор каде имаше одлични партии. Тој е ново засилување за битолскиот клуб по Костадин Петров, Пеце Рајатовски, Мартин Јовановски, а деновиве се очекува потврда и за доаѓањето на египетскиот среден бек, Ахмед Мохамед Ради.