Пелистер денеска на поправен на Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“

Првиот ден на Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ не донесе добри резултати за тимовите од Македонија. И Пелистер и Бутел Скопје претрпеа порази на дуелите против Олимпијакос и Рихимаен Кокс.

Противниците од Грција и од Финска успеаја да одиграат подобро, па тргнаа со бодови на турнирот.

Пелистер денеска ќе има можност да надомести. Ќе игра против Шербур од Франција и ќе се обиде да освои бодови за да може в недела да игра за пласман барем за 3. место, додека Бутел својот втор меч ќе го одигра в сабота.

За денеска е предвидено први на теренот да истрчаат Рихимаен Кокс од Финска и Селка од Турција, додека вториот дуел е меѓу Пелистер и Шербур.

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

БУТЕЛ – РИХИМАЕН КОКС        22:28

ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС    27:31

ПЕТОК, 31 АВГУСТ

17:30ч

РИХИМАЕН КОКС – СЕЛКА

19:30ч

ПЕЛИСТЕР – ШЕРБУР

САБОТА, 1 СЕПТЕМВРИ

17:30ч

ШЕРБУР – ОЛИМПИЈАКОС

19:30ч

БУТЕЛ – СЕЛКА

НЕДЕЛА, 2 СЕПТЕМВРИ

15:30ч

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

17:30ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

19:30ч

ФИНАЛЕ