Пелистер без раководство: Комплетната управа поднесе оставка

Машката екипа на Пелистер од денеска е без раководство, откако сите членови на одборот на директорот на Спортското друштво поднесоа оставка.

За екипата на Пелистер стана збор и на состанокот на Советот на општината во Битола. Таму беше донесена одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на акционерско друштво.

Инаку, наскоро ќе биде свикано Собрание за формирање на ново раководство, па останува да се види кој ќе го води клубот во иднина. Во моментов Пелистер е на прво место на табелата во Супер машката лига во која се бори за пласман во плеј-оф лигата каде напролет ќе се приклучат и Вардар и Металург.