Пеколен финиш на Хрватска на дербито со Исланд

После големо надигрување во текот на сите 60 минути репрезентациите на Хрватска и Исланд постигнаа 58 гола, а притоа Хрватите дојдоа до триумф од 31:27.

И двете селекции имаа свои периоди во средбата, но според тоа како играа јасно беше дека моменти ќе го решаваат победникот на оваа средба.

Уште од почеток на натпреварот се виде дека Исланд има квалитет и дека може да се носи со секого. Сепак, додека Палмарсон играше на високо ниво екипата имаше предност. Откако падна неговиот ритам односно откако Хрватите најдоа лек за него. Тука Хрватите тргнаа посилно и негативата набрзина ја донесоа до позитива, па на одмор заминаа со 16:14.

Вториот дел одново донесе возбудувања. Исланд ги замени голманите, па Бјоргвисон успеа да ги сврти работите во корист на својата селекција. Меѓутоа одново во финишот од средбата Хрватска имаше повеќе од играта. Силниот ритам донесе убава завршница, а Исланѓаните не можеа да следат. Кога одбраната на Хрватска функционираше тогаш и предноста растеше, а конечните 31:27 беа сосема доволни за победнички старт на Хрватите и оправдување на улогата на фаворити.

Лука Степанчиќ беше творецот на победата на оваа средба. Тој беше нерешелив проблем за Исланд и со осум гола беше далеку пред другите. Марин Шего бранеше одлично имаше десетина одбрани, додека Циндриќ заврши со шест гола. Кај Исланд, Палмарсон беше најрасположен и имаше седум гола.

Во недела Исланд ќе се соочи со репрезентацијата на Шпанија од 19:30 часот, додека Хрватска за противник ја има селекцијата на Јапонија од 17 часот.