Педесетина Македонци им даваат поддршка на македонските херои во Клуж (ФОТО)

Од почетокот на средбата во Клуж околу 50 навивачи во салата „Хорија Демијан“ во Клуж покажа дека се добра поддршка за Македонија. Иако домашните имаат околу 1000 фанови на трибините, сепак, Македонија со својата игра овозможува да ја добие и вистинската поддршка од своите навивачи.

300x250

Педесетина навивачи покажаа дека можат да бидат погласни од фановите на домашните така што ова е интересен меч во кој Македонија има добра поддршка од трибините.

Најголемиот дел од овие фанови се допатувани од Скопје, а само мал дел има од оние кои живеат во Романија и кои денеска се тука за да и ја дадат поддршката на Македонија на патот кон Мундијалот.

На полувреме селекцијата на Романија водeше со 12:11. Македонија имаше само мала криза која успешно ја надмина, па има контрола на овој натпревар.