Патрис Канаје со пофалби: Игравме против млада и борбена екипа, па победата е голема

Монпелје и во седмиот меч забележа победа во групата Д од Лигата на шампионите и остана единствен тим со максимални седум од седум. Екипата од Франција знаеше како на крајот да слави со 27:21, а после мечот тренерот, Патрис Канаје имаше причина да биде задоволен.

„Задоволен сум од она што моите момци го прикажаа на денешната средба. Тие одиграа максимално борбено во текот на сите 60 минути и затоа морам да им честитам. Секако можам да бидам задоволен и од резултатот бидејќи дојдовме до нов триумф. Игравме против млада екипа која покажа борбен дух и затоа ова за нас е одличен резултат“, рече Канаје.