Патот до ЕП е јасен: Македонија и Чешка во битка за престиж, за прво место без калкулации

Во пресрет на последното коло од квалификациската група 4, Македонија и Чешка во Скопје ќе играат за првата позиција на табелата. Двете селекции се речиси пласирани на ЕП, а дури и со пристоен пораз помал од 11 голови Македонија може да замине на континенталниот собир во Хрватска. Иако сè уште не се комплетирани сите натпревари, состојбата на табелите во сите седум групи е јасна. Во кругот на третопласирани екипи се селекциите на Холандија, Романија, БиХ, Португалија, Русија, Литванија. Единствено во групата 4 сè уште се отворени сите карти, а шанса имаат сите репрезентации.

КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА 1

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Данска (нат. помалку) 9 (7) 161:119
2 Унгарија (нат. помалку) 7 (3) 139:126
3 Холандија (нат. помалку) 4 (0) 125:144 (-19)

Во оваа квалификациска група веќе сè е решено, Холандија го завршува натпреварувачкиот циклус како третопласирана и засега не пренесува ниту еден бод во борбата за најдобра третопласирана репрезентација.

КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА 2

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Белорусија (нат. помалку) 7 (4) 150:125
2 Србија (нат. помалку) 7 (4) 148:146
3 Романија 4 (2) 120:128 [-8]

Во оваа група Романија во директниот дуел против Полска обезбеди пласман на третата позиција во група 2 и пренесува два бода во трката за најдобра третопласирана репрезентација.

КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА 3

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Шпанија 12(8) 202:130
2 Aвстрија 6 (2) 176:186
3 Босна и Херцеговина 4 (0) 160:162

Во оваа група се одиграа сите натпревари, пласман на ЕП обезбедија Шпанија и Австрија, додека БиХ како третопласирана нема ниту еден бод во трката за последното место кое води кон Хрватска.

КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА 4

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Чешка (нат. помалку) 6 (4) 141:128
2 Македонија (нат. помалку) 5 (3)  141:138 (3)
3 Украина (нат. помалку) 5 (3)

Групата 4 е најнеизвесна во овој квалификациски циклус, пред последното коло сите четири репрезентации имаа шанси да се пласираат на континенталниот собир и многу веројатно дека три репрезентации од оваа група ќе учествуваат во Хрватска.

КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА 5

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Германија (нат. помалку) 10 (8) 144:115
2 Словенија 7 (3) 134:130 (4)
3 Португалија 5 (1) 148:165 (-17)

Во квалификациската група 5 директниот дуел меѓу Словенија и Португалија го одлучи последниот патник на ЕП, Словенија со убедлива победа на домашен терен го завери пласманот во Хрватска 2018 година. Португалија е третопласирана, а во кругот на сите третопласирани селекции ќе пренесе еден бод и гол-разлика од -17.

КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА 6

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Шведска 10(6) 166:125
2 Црна Гора 7 (4) 158:168
3 Русија 4 (2) 149:160 (-11)

Русија има два нерешени натпревари со Црна Гора и како третоплсаирана во кругот на репрезентации за последниот билет ќе пренесе 2 бода.

КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА 7

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Франција 8 (7) 191:169
2 Норвешка 8 (4) 196:163
3 Литванија 6 (2) 163:179 (-16)

Франција и Норвешка ги завршија своите настапи во квалификациите за ЕП, а Литванија како третопласирана не успеаа да обезбеди пласман на ЕП поради тоа што пренесува 2 бода во кругот на третопласирани екипи.

КАКОВ Е ПАТОТ ДО ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХРВАТСКА?

Македонија ќе го освои првото место во групата 4 со била каква победа на Чешка. Нерешен резултат во Скопје ги води Македонија и Чешка понатаму. Доколу Украина победи на гостувањето во Исланд, а Македонија загуби во Скопје, тогаш со три бодови нашата селекција како најдобропласирана трета екипа ќе замина на ЕП.

Според најлошото сценарио Македонија да загуби од Чешка, а Украина да загуби во Рејкјавик нашата селекција како третопласирана ќе се најде во кругот на третопласирани репрезентации, но ќе пренесе 2 бода исто како Романија, Русија, Литванија (и можеби Холандија која гостува во Унгарија). Во тој случај според правилата на ЕХФ ќе одлучува гол разликата не вклучувајќи ги натпреварите со екипите кои го завршиле својот настап во квалификациите, а во случај на еднаквост поголемиот број постигнати голови. Тоа значи дека ќе се формира нова табела во која Македонија ќе има предност пред останатите репрезентации доколку не доживее пораз во Скопје поголем од 9 голови, а Холандија не победи на гостувањето во Унгарија со повеќе од 10 голови.

СЦЕНАРИО: НАЈДОБРИ ТРЕТОПЛАСИРАНИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

Пласман Репрезентација Освоени бодови Гол разлика
1 Македонија (нат.помалку) 2/3 87:90 (-3)/пласирaна
2 Русија 2 93:105 (-12)
3 Романија 2 92:105 (-13)
4 Литванија 2 97:122 (-25)
5 Португалија 1
6 БиХ 0
7 Холандија (нат.помалку) 0/2 71:93 (-22)