Пасквал останува на чело на Барселона до 2022 година

Екипата на Барселона го продолжи договорот со својот тренер Чави Пасквал, кој останува во Блауграна и во следните четири сезони.

300x250

Пасквал го замени Маноло Кадењас на клупата на Барселона во 2009 година, освојувајќи дури 43 титули како главен тренер. Последната од нив ја освои викендов, триумфирајќи во финалето на “Копа Дел Реј” над екипата на Ла Риоха.

Пасквал уште најмалку четири сезони останува на чело на каталонците каде секоја година амбициите се освојување на секоја можна титула. Од неговото пристигнување во Барселона, Пасквал има освоено две титули во Лигата на шампионите, три Супер Глоуб титули, осум триумфи во Асобал лигата, седум титули во “Копа Дел Реј”, осум Асобал купови, осум Супер купови на Шпанија и седум Супер купови на Каталонија.