Партизан не дава бодови во Гевгелија

Кумановци имаа добар меч на гостувањето во Гевгелија, но останаа без бодови од овој дуел откако домашните знаеја како да го донесат овој дуел кон триумф.

300x250

Партизан тргна добро во средбата и има предност до средината на првото полувреме. Разликата редовно беше еден или два гола што не гарантираше мирно продолжение на средбата. Тоа отвори простор за ракометарите на Куманово кои успеаја да се вратат во средбата и до крајот на првиот дел да бидат и во водство.

Сепак, оваа предност ја загубија пред заминувањето на одмор кога составот на Партизан дојде до два гола во серија и со 14:13 замина на пауза.

Тимот од Гевгелија тргна подобро во второто полувреме и успеа да направи предност од три гола која се чуваше постојано. Обидите на кумановци да дојдат до нешто повеќе беа запрени од четворката Митревски-Љубевски-Џонов-Аларов, ракометарите коишто го држеа составот на Партизан во позитива и кои донесоа бодови на овој дуел.

ПАРТИЗАН – КУМАНОВО           31:27 (14:13)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Даниел Ристовски и Роберт Пановски од Велес. Делегат: Благој Петров од Велес.

ПАРТИЗАН: Стојов, Т. Узунчев, Костадинов, Вегов 3, Николов 1, Митревски 10, Љубевски 6, Костадинов, Д. Узунчев, Џонов 5, Аларов 6, Ангелов, Михајловиќ, Пеев, Павиќ, Колевски.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 2 мин.

КУМАНОВО: Петковиќ, Петрушевски 2, Стојковски, Денковски 3, Клековски, Стојмановски, Димковски 4, Несторовски 4, Дав. Цветковски 6, Кузмановски 5, Дам. Цветковски, Ацевски 2, Николовски, Мицевски 1, Стојковски, Даневски.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.