Паркетот направи проблеми во Битола: Пелистер и Бутел Скопје почнаа со доцнење (ЛИНК)

Последниот натпревар од 1. коло во Супер машката лига меѓу Пелистер и Бутел Скопје доцни повеќе од 40 минути, а причината е во подлогата на која ќе се игра средбата.

Иако герфлорот е изваден, сепак, на паркетот има остатоци од некој штраф или шајка, па мораше да се интервенира за да може да се интервенира и средбата да стартува.

Натпреварот почна со големо доцнење, но веќе стартуваше. Проблемите се санирани, па Пелистер тргна во битката за бодови против составот на Бутел Скопје.

Средбата можете да ја следите на следниот ЛИНК.