Паличка се извинуваше пред навивачите: Тоа беше катастрофа, игравме ужасно против Вардар!

Тимот на Рајн Некар Левен брзо се рехабилитираше по поразот од Вардар во Лигата на шампионите и славеше над Бергишер убедливо во Бундес лигата.

Сепак загубениот меч од македонскиот тим се уште им е во мислите на “лавовите”, кои ја искористија приликата низ медиумите да им се извинат на навивачите.

“Должни сме да се извиниме што игравме така пред нашите навивачи. Тоа беше катастрофа, изгледавме ужасно на теренот. Вардар не изненади со неговата фокусираност и едноставно не не пуштија да влеземе во натпреварот”, вели Паличка.

Рајн Некар може да биде мирен во поглед на местото во осминафиналето, но таму ќе мора да мине по потежок пат сака место во следната фаза.